Burcu Arik
27 Април 2018•Ажурирај: 28 Април 2018
БУКУРЕШТ (АА) - Романскиот претседател, Клаус Јоханис, денес ја повика премиерката Виорика Данчила, на оставка поради спорот во врска со нејзините последни планови за преместување на амбасадата на Романија од Ерусалим во Тел Авив, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на прес-конференцијата во Претседателскиот комплекс во главниот град Букурешт, Јоханис изјави дека ја повлекува својата поддршка за Данчила.
Тој ја обвини Данчила дека како премиерка нема способност да се справи со нејзините обврски и ја претвора Владата во слабост за државата.
„Затоа јавно ја повикувам премиерката да даде оставка“, изјави претседателот.
Вчера, премиерката Данчила и лидерот на нејзината Социјалдемократска партија, Ливију Драгнеа, го посетија Израел, откако од Владата беше објавено дека планира да ја премести романската амбасада од Тел Авив во Ерусалим (Кудс).
Романскиот претседател се спротистави на таквиот план, велејќи дека таквиот потег би можел да го прекрши меѓународното право.
Ерусалим останува во сржта на трајниот конфликт меѓу Израел и Палестина, бидејќи Палестинците се надеваат дека Источен Ерусалим, кој е окупиран од страна на Израел, ќе биде главен град на идната палестинска држава.