Şerife Çetin
27 Април 2018•Ажурирај: 27 Април 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денес во Брисел изјави дека НАТО е соочен со една поразлична ситуација во односите со Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг зборуваше на прес-конференцијата во Брисел, каде денес се одржува состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО. Тој истакна дека е одржана првата седница на која теми биле односите со Русија и актуелната ситуација на Блискиот Исток и Северна Африка. За време на вториот дел од состанокот, министрите за надворешни работи денес ќе разговараат за ситуацијата во Авганистан.
Столтенберг додаде дека сите сојузници на НАТО го осудиле Асадовото користење на хемиското оружје во Сирија. НАТО, според зборовите на Столтенберг, ќе продолжи да пружа поддршка за пронаоѓање на политичко решение за Сирија, под водство на ОН.
Тој ја прокоментира и средбата на лидерите на Северна и Јужна Кореја, за што истакна дека претставува историски момент, и дека пред страните претстои уште еден долг пат за да можат во потполност да ги решат меѓусебните несогласувања.
Столтенберг нагласи дека актуелните случувања на Корејскиот полуостров значително влијаеле на меѓународните санкции кон Северна Кореја.
Коментирајќи го и доаѓањето на министерот за надворешни работи на САД Мајк Помпео во Брисел, покажува колкава важност се придава на НАТО сојузот.
Тој потврдил дека со Помпео успеал накратко да разговара во врска со односите со Русија и обуката во Ирак. Кога станува збор за односите со Русија, Столтенберг нагласи дека НАТО продолжува со пристапот во кој дијалогот се наоѓа во прв план.
„Имаме една поразлична ситуација во односите со Русија. Не се наоѓаме во периодот на Студената војна, но исто така не се наоѓаме ниту во периодот во кој по Студената војна настојуваме да изградиме стратешко партнерство“, изјави Столтенберг.
Тој нагласи дека кога станува збор за односите со Русија, сојузниците на НАТО мора да покажат подготвеност на единствени и одлучни чекори. Во врска со изјавата на постојаниот претставник на САД во НАТО, кој изрази загриженост поради одлуката на Турција да купи од Русија одбранбен воздушен систем S-400, Столтенберг изјави:
„Ги слушнавме тие изјави. Рaзговаравме за тоа и за време на мојата посета на Анкара. Го поддржувам дијалогот на Турција и САД по ова прашање“.