свет

Речиси 3 милијарди животни се погодени од пожарите во Австралија

- „Погодени се 143 милиони цицачи, 2,45 милијарди рептили, 180 милиони птици и 51 милион жаби“, соопшти Светскиот фонд за природа (WWF).

Burak Bir  | 28.07.2020 - Обновена : 03.08.2020
Речиси 3 милијарди животни се погодени од пожарите во Австралија

АНКАРА

Во пожарите кои минатата година избувнаа во Австралија се убиени или раселени речиси 3 милијарди животни, вклучувајќи цицачи, рептили, птици и жаби, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Погодени се 143 милиони цицачи, 2,45 милијарди рептили, 180 милиони птици и 51 милион жаби“, соопшти Светскиот фонд за природа (WWF).

Во јануари, беше објавена проценката дека смртоносните пожари убиле 1,25 милијарди животни во државите Нов Јужен Велс и Викторија.

Иако пожарите се чести во Австралија, во оние кои избувнаа минатата година во август во јужниот, а не како вообичаено во северниот дел, уништени се 21 милион акри.

Извршниот директор на Светскиот фонд за природа (WWF), Дермот О’ Горман изјави дека пожарот во Австралија се рангира како една од најлошите катастрофи на животинскиот свет во модерната историја.

Тим експерти го испитаа погоденото од пожар подрачје од 11,4 милиони хектари (над 28 милиони акри).

„Препораките во издаденото соопштение повикуваат на решавање за недоволното познавање на густината на животинскиот свет и одговорите на пожарите, подобрување на живеалиштата за да им се помогне на подвижните видови на животни да побегнат од пожарот“, се вели во соопштението.

Во соопштението се истакнува важноста на подобрувањето на управувањето со пожарите и градењето „тимови за брз одговор“ за да им се помогне на животинските видови погодени од пожарите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.