Gökhan Kavak
01 Февруари 2024•Ажурирај: 02 Февруари 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Во јужниот дел на Руанда, 30 години по геноцидот во 1994 година, пронајдена е масовна гробница во која се наоѓаат посмртните останки на околу 180 луѓе, пренесува Анадолу.
Горети Увокунда, член на одборот одговорен за ексхумација, наведе дека посмртните останки на повеќе од 180 луѓе се ексхумирани од масовна гробница во еден двор.
Истакнувајќи дека жртвите се сурово убиени, Увокунда рече дека последните две недели откриле посмртни останки на 392 жртви.
Последната масовна гробница со посмртните останки на 119 лица е пронајдена во Руанда на 26 јануари.
За време на тримесечниот масакр, според податоците на ОН, во Руанда животот го загубиле 800.000 луѓе, додека според официјалните податоци на Руанда, станува збор за смрт на повеќе од милион припадници на Тутси и умерени Хутуи.
Обединетите нации 7 април го прогласија за Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Руанда.