Mohammad Sıo
20 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
РАМАЛА (АА) - Израелската армија рано утринава изврши рации во неколку градови и места низ окупираниот Западен Брег, при што приведе десетици Палестинци, јавува Анадолу.
На некои места дојде и до судири меѓу израелските сили и Палестинците.
За време на судирите војниците пукаа и фрлаа солзавец врз Палестинците, изјавија очевидци.
Израелските сили упаднаа во градовите Рамала, Ал Бирех и Калкилија, како и Хеброн и Витлеем, изјавија очевидци за Анадолу.
Десетици Палестинци се судрија со израелската армија, која употреби боева муниција и солзавец.
Во Рамала, израелската армија изврши рација во неколку населби и приведе најмалку еден Палестинец.
Според очевидци, израелската армија извршила опсежни приведувања во Хеброн, при што биле приведени најмалку 14 Палестинци.
Тензиите се зголемуваат низ Западниот Брег откако Израел започна смртоносна воена офанзива во Појасот Газа, каде што загинати се повеќе од 35.400 луѓе по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.
Според податоците на Министерството за здравство, оттогаш на Западниот Брег се загинати повеќе од 500 Палестинци, а околу 5.000 се ранети.