Adem Şalvarcıoğlu
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Во земјотресот со интензитет од 5,9 степени, што пред два дена го потресе подрачјето на Карибите на Хаити, бројот на загинати се искачи на 15 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија вест врз основа на изјавата на Институтот за цивилна одбрана на Хаити, во која се вели дека во земјотресот што го потресе северниот дел на Хаити животот го загубиле уште 3 лица, со што бројот на загинати се искачил на 15 лица.
Во веста се истакнува дека 333 повредени лица се под медицински третман.
Американскиот геолошки институт (УСГС) имаше објавено дека епицентарот на земјотресот бил 19 километри северозападно од градот Пор де Пе, на длабочина од 11,7 километри.
Во земјотресот со интензитет од 7,1 степен што во октомври 2010 година го потресе Хаити, животот го загубија најмалку 300.000 лица.