Muhammed Enes Can
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на истрагата што се води против структурите на ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), издаден е налог за приведување на 45 осомничени, меѓу кои има и активни војници и цивили што биле одговорни за овие војници, јавува Anadolu Agency (AA).
Во тек е истрагата што ја води Бирото за тероризам и организиран криминал при Републичкиот обвинител од Истанбул во врска со структурата на ФЕТО во ТСК.
Во рамките на истрагата, врз основа на изјавите од лицата коишто се покајале и следењето на некои активни војници - припадници на организацијата, кои преку припејд-телефони или говорници воспоставувале контакт, откриени се цивилни доверливи „имами“.
Издадена е одлука за приведување 45 осомничени.
Во досега спроведените операции, безбедносните единици во 25 области раководени од Истанбул приведоа 18 осомничени.