1 23
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
БАГДАД
Ракетен напад е извршен врз камп во близина на Меѓународниот аеродром „Багдад“, соопшти денеска ирачкото Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ракетата „Катјуша“ слета на кампот Ал-Наср во близина на Меѓународниот аеродром „Багдад“ во главниот град“, се наведува во соопштението на Министерството.
Нема пријавено жртви во овој напад.
Кампот Ал-Наср (Победа) е едно од воените локации каде што се наоѓаат припадниците на меѓународната коалиција која ја предводат САД против терористичката организација ДЕАШ.
Нападот денеска беше четврт на базата на коалицијата предводена од САД во Ирак во рок од седум дена, кој следуваше како последица на тензиите околу присуството на силите предводени од САД во Ирак.
На 9 декември Ирак и меѓународната коалиција објавија официјално завршување на борбената мисија на коалициските сили во земјата.
Багдад и Вашингтон на 26 јули се согласија да ги повлечат сите американски борбени сили од Ирак до крајот на 2021 година, со задржување на американските советници и обучувачи за да им помогнат на ирачките безбедносни сили.
Од 2014 година Вашингтон ја предводи меѓународната коалиција против терористичката организација ДЕАШ.