Ayhan Şimşek
05 Јануари 2022•Ажурирај: 06 Јануари 2022
БЕРЛИН
Во Германија се регистрирани 7.027 нови случаи на заразување со новата варијанта на коронавирусот, Омикрон, со што вкупниот број на заразени со новата варијанта на вирусот изнесува 42.556, јавува Агенција Анадолија (АА).
Институтот „Роберт Кох“, агенцијата за контрола на болести, досега регистрира 12 смртни случаи поврзани со Омикрон и потврди дека 451 лице заразени со Омикрон биле примени во болниците.
Новите случаи со варијантата Омикрон се зголемија за 20 отсто во еден ден, според официјалните податоци.
Германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах, рече дека Владата размислува да ги ограничи социјалните контакти и да ги засили напорите за вакцинација, со цел да го спречи новиот бран на Ковид-19 поттикнат од варијантата Омикрон.
Централната влада и сојузните држави ќе одржат состанок в петок за да одлучат за нови мерки за коронавирусот, правила за карантин и планови за итни случаи како одговор на очекуваниот бран на Омикрон.