Ekipa
07 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
МОСКВА (АA) - Рускиот претседател Владимир Путин, откако некои официјални претставници побараа субвенции од руската Влада, изјави дека за Светското првенство 12 стадиони треба да бидат финансиски самоодржливи, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин денес истакна дека сите објекти треба да бидат способни да ги покријат своите трошоци. Тој предложи стадионите во својата содржина да можат да додадат кафулиња или трговски центри, со цел да се зголеми профитабилноста.
„Потрошивме многу пари и се согласувам дека стадионите мора да работат во корист на спортот“, рече Путин.
Регионалните претставници, за одржување на различни стадиони за Светското првенство, проценуваат годишни трошоци од 200 до 400 милиони рубли (од 2,7 на 5,4 милиони евра).
Владата на Русија објави дека вкупните трошоци за организирање на Светското првенство во фудбал изнесуваат 11 милијарди долари (околу 9,3 милијарди евра), без некои од инфраструктурните трошоци.
Светското првенство во Русија ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули.