свет

Путин, Меркел и Макрон разговараа за Сирија, Украина и Иран

Путин разговарал за заедничките мерки што ги преземаат во соработка со Турција, а со цел стабилизација на ситуацијата во северозападниот дел на Сирија, заштита на цивилите и неутрализирање на опасноста од тероризам

Dmitri Chirciu  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Путин, Меркел и Макрон разговараа за Сирија, Украина и Иран

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, разговараше со неговиот француски колега, Емануел Макрон, и со германската канцеларка, Ангела Меркел, за Сирија, Украина и Иран, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Кремљ е потврдено дека рускиот претседател телефонски разговарал со Меркел и Макрон.

Наведено е дека Путин разговарал за заедничките мерки што ги преземаат во соработка со Турција, а со цел стабилизација на ситуацијата во северозападниот дел на Сирија, заштита на цивилите и неутрализирање на опасноста од тероризам.

Путин потсети на важноста од воведување на законот за посебниот статус на Донецк и Луганск, во смисла на воспоставување директен дијалог меѓу Киев и овие два украински региона.

Потврдена е и поврзаноста на Русија, Франција и Германија со Иран во смисла на соработка во полето на економијата и трговијата.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.