свет

Индонезија: Шест лица загинаа во протестите против изборните резултати

„Уапсени се 20 лица, кои наводно ги започнале судирите. Поголемиот дел од нив се од Џакарта“, изјави Хенгки Харјади Hengki Haryadi, полицискиот командат во западниот дел на Џакарта

Ekip  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Индонезија: Шест лица загинаа во протестите против изборните резултати

ЏАКАРТА (АА) - Шест лица загинаа, а 200 лица се повредени денес за време на протестите против резултатите на претседателските избори во Индонезија, изјави Анис Басведан, гувернерот на Џакарта, јавува Anadolu Agency (AA).

Судирите се одвиваа во неколку подрачја каде што демонстрантите ја гаѓаа полицијата со Молотови коктели и камења и палеа автомобили.

„Уапсени се 20 лица, кои наводно ги започнале судирите. Поголемиот дел од нив се од Џакарта“, изјави Хенгки Харјади Hengki Haryadi, полицискиот командат во западниот дел на Џакарта.

Портпаролот на полицијата, Арго Јувоно, изјави дека до насилството дошло по масовните демонстрации пред Агенцијата за надгледување на изборите (Bawasalu) во центарот на Џакарта.

Илјадници демонстранти во знак на поддршка на претседателскиот кандидат Прабово Субијанто започнаа да се собираат во попладневните часови. Бараа поништување на победата на актуелниот претседател Џоко Видодо Маруф Амин, сметајќи дека е направена изборна измама.

Масата се зголемуваше пред да избие судирот околу полноќ, кога десетици демонстранти се обидоа да влезат во зградата, разбивајќи ја вратата. Откако беа разбркани, друга група демонстранти ја нападнаа полицијата со Молотови коктели и камења.

Видодо Маруф Амин, според прелиминарните резултати, кои во вторникот ги објави Генералната изборна комисија (KUP), повторно е избран за претседател на Индонезија. Врз основа на резултатите на Генералната изборна комисија (KPU), Џоко Видодо доби 85,6 милиони гласови, а Субианто 68,6 милиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.