Emre Gürkan Abay
18 Август 2020•Ажурирај: 19 Август 2020
МОСКВА
Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Франција Емануел Макрон остварија телефонски разговор во кој зборуваа за ситуацијата во Белорусија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Кремљ се вели дека двајцата лидери разговарале за последните случувања во Белорусија по неодамнешните претседателски избори.
Путин нагласил дека е неприфатлив каков било обид за мешање од надвор во внатрешните работи на Белорусија, додавајќи дека се надева дека страните во таа земја што поскоро ќе најдат решение за проблемите со кои се соочуваат.
Путин и Макрон разговарале и за кризата во Либија.