Servet Günerigök
09 Јули 2020•Ажурирај: 09 Јули 2020
ВАШИНГТОН
Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) не ја изгласа руската Нацрт-резолуција за продолжување на прекуграничната помош на Сирија за шест месеци, но само преку еден граничен премин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Нацрт-резолуцијата беше поддржана од Кина, Виетнам, Јужна Африка и Русија. САД, Франција, Велика Британија, Белгија, Естонија и Доминиканската Република гласаа против Нацрт-резолуцијата, на која ѝ беа потребни најмалку 9 гласа за да биде усвоена.
Тунис, Нигерија, Индонезија, Сент Винсент и Гренадини беа воздржани.
Руската резолуција предлага продолжување на прекуграничниот механизам за уште шест месеци, но да се ограничи само преку граничниот премин „Баб ал Хава“.
Претходно Русија и Кина ставија вето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за продолжување на испораката на помош од Турција во Сирија.
Советот за безбедност на ОН предложи обнова на механизмот, кој овозможува продолжување на прекуграничната меѓународна помош за Сирија воведена во 2014 година, а кој истекува на 10 јулиЗа.
Резолуцијата беше подготвена од страна на Германија и Белгија.
Според сегашната резолуција, помошта на ОН се доставува од Турција во северозападна Сирија преку граничните премини „Баб ал Хава“ и „Баб ал Салам“.
Москва тврди дека преминот „Баб ал Хава“ може да ги покрие сите хуманитарни потреби на населението во Идлиб, додека „Баб ал Салам“ обезбедува само 14 отсто од вкупните испораки на помош.
Сепак, официјалните претставници на ОН во повеќе наврати рекоа дека двата премини од Турција кон Сирија се „спас за милиони цивили, до кои ОН не можат да стигнат на други начини“.
Според ОН, хуманитарна помош им е потребна на 70 отсто од 3 милиони жители на покраината Идлиб.
Сирија е зафатена со жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад спроведе неочекувана свирепост на продемократските протести.
Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.