Kübra Chohan
23 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АНКАРА (АА) - Францускиот претседател Емануел Макрон, во пресрет на претстојната посета на Вашингтон, рече дека Соединетите Американски Држави (САД) треба да имаат барем дипломатско присуство во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Тоа автоматски не се американските сили, туку американската дипломатија и вашиот претседател“, рече Макрон во интервјуто за „Fox News“ (Фокс њус) во Франција.
„Потоа, ќе мора да ја градиме новата Сирија, и затоа мислам дека присуството на САД е многу важно“, рече тој.
Тој предупреди во однос на оставањето вакуум во Сирија по завршувањето на војната со ДЕАШ, додавајќи дека најверојатно тој вакуум ќе биде пополнет од Иран и Башар ал Асад.
„Дури и по завршувањето на војната против ДЕАШ, САД, Франција, нашите сојузници, сите земји во регионот, дури и Русија и Турција, ќе имаат многу важна улога во создавањето на новата Сирија и треба да му обезбедат услови на сирискиот народ да одлучува за својата иднина.
„Денот кога ќе ја завршиме оваа војна против ИСИС (ДЕАШ), ако заминеме, дефинитивно и целосно, дури и од политичка гледна точка, ќе го оставиме подиумот на иранскиот режим, на Башар ал Асад и неговите момци, а тие ќе подготват нова војна. Тие ќе поттикнат нови терористи.“
Исто така, Макрон се осврна со коментар до својот руски колега: „Верувам дека никогаш не треба да бидеме нерешителни во однос на претседателот [Владимир] Путин. Кога сте нерешителни, тој го користи тоа. И во ред е, таква е играта. Тоа е - тој произведе многу лажни вести. Има многу силна пропаганда и интервенира насекаде.“