Fatih Erel
23 Април 2018•Ажурирај: 23 Април 2018
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) одржа демонстрации пред Канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи ги земјите да го укинат нуклеарното оружје, јавува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите држеа транспаренти на кои пишуваше „Потпишување на Договорот за забрана на нуклеарно оружје“. Демонстрациите се одржаа пред состанокот за Договорот за забрана, кој треба да се одржи денес.
Меѓународната кампања за укинување на нуклеарното оружје (ICAN) е глобална коалиција на невладини организации на граѓанското општество од повеќе од 100 земји, кои работат за забрана на нуклеарното оружје.