Elena Teslova
02 Декември 2022•Ажурирај: 02 Декември 2022
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со белорускиот колега Александaр Лукашенко и дискутираше за билатералните односи, соопшти Кремљ, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Двајцата лидери разговараа за прашања од билатералната соработка, вклучувајќи го и натамошниот развој на врските во науката и образованието“, се вели во соопштението.
Според Белоруската државна новинска агенција „БелТА“, двајцата лидери разговарале и за агендата на претстојниот Самит на Евроазиската економска унија, што ќе се одржи на 9 декември во Бишкек, главниот град на Киргистан.
Путин и Лукашенко, исто така, го истакнаа распоредот за понатамошни контакти, при што се договорија да одржат состанок во декември.