Ekip
01 Март 2018•Ажурирај: 02 Март 2018
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Русија тестирала нуклеарно оружје, вклучувајќи крстаречка ракета на нуклеарен погон и подводен дрон, кој е имун на непријателско пресретнување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до нацијата, денес Путин нагласи дека крстаречката ракета на нуклеарен погон, која е тестирана минатата есен, има неограничен домет и голема брзина, и е во состојба да го пробие кој било ракетен одбранбен систем.
Тој додаде дека брзиот подводен дрон на нуклеарен погон, кој носи нуклеарни боеви глави, може да има за цел и носачи на авион и крајбрежни објекти.
Путин изјави дека Русија тестираала и нова тешка интерконтинентална балистичка ракета, наречена „Сармат“ (Sarmat), со домет и број на боеви глави поголеми во однос на претходната.