Esat Fırat
07 Февруари 2021•Ажурирај: 09 Февруари 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Неколку стотици граѓани во Ерусалим одржаа протести против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите одржаа протестен марш до резиденцијата на израелскиот премиер во Западен Ерусалим.
Тие порачаа рекоа дека со протестот сакаат јасно да го искажат гневот и незадоволството поради корупцијата во која е вмешан Нетанјаху.
Демонстрантите извикуваа пароли против израелскиот премиер и го повикаа да си поднесе оставка.
Нетанјаху се товари за корупција поради подмитување, кршење на довербата и измама, но тој ги негираше обвинувањата.