Lokman İlhan
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
БОГОТА (AA) - Најмалку осум лица се повредени, а 65 се приведени во текот на студентските протести во главниот град на Колумбија, Богота, јавува Anadolu Agency (AA).
Студентите минатата година организираа повеќемесечни протести кои често преминуваа во насилни, а по паузата тие повторно излегоа на улиците.
Во текот на минатогодишните протести, студентите од колумбиските власти бараа зголемување на буџетот што се издвојува за образование. Но овој пат, студентите на улица ги извади веста за вработен во Универзитетиот „Дистриал“ во Богота, кој универзитетската кредитна картичка ја користел за приватни цели.
Студентите од неколку универзитети во Богота денес ги бојкотираа предавањата и го блокираа просторот околу Универзитетот.
Откако студентите почнаа да фрлаат камења, Молотови коктели и импровизиран експлозив кон безбедносните сили, интервенираше полицијата со користење солзавец.
Потврдено е дека се повредени најмалку пет студенти, а полицијата приведе најмалку 65 лица.