свет

Протести во Русија поради поместувањето на старосната граница за пензија

Руската Дума денеска ќе гласа за Предлог-законот, според кој, старосната граница за стекнување право на државна пензија, за мажите би се подигнала од 60 на 65 години, додека кај жените поместувањето е од 55 на 63 години

Ekipa  | 19.07.2018 - Обновена : 20.07.2018
Протести во Русија поради поместувањето на старосната граница за пензија ( Sefa Karacan - АА )

Moskva

МОСКВА (АА) - Русите протестираат поради планот на Владата да ја подигне старосната граница за пензионирање, што е еден од ретките предизвици со кои се соочува претседателот на Русија, Владимит Путин, јавува Anadolu Agency (AA).

Руската Дума денеска ќе гласа за Предлог-законот, според кој, старосната граница за стекнување право на државна пензија, за мажите би се подигнала од 60 на 65 години, додека кај жените поместувањето е од 55 на 63 години. Поместувањето на старосната граница би се вршело во фази во текот на наредните 15 години.

Активисти на комунистичката и партиите кои се залагаат за слободен пазар, пред гласањето во руската Дума, во Москва одржаа демонстрации. Вчера, за време на ненајавен митинг во Санкт Петербург, пријавени се неколку случаи на приведување демонстранти.

Владата тврди дека на Русија ѝ се неопходни реформи во пензискиот систем, за да се поттикне економскиот раст. Објавувањето на владините планови за време на отворањето на Светското фудбалско првенство во Русија наиде на бројни критики.

Во моментов, просечната пензија во Русија изнесува 14.000 рубљи (околу 190 евра).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.