Mehmet Nuri Uçar,Zerrar Cengiz
09 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
ГАЗА (АА) - Во Газа се одржа протест во знак на солидарност со палестинските затвореници во израелските затвори, известува Агенција Анадолија (АА).
Протестите ги организираше Здружението на затвореници „Ваид“. Граѓаните на Газа се собраа пред зградата на Високиот комесаријат на Обединетите нации за човекови права во Газа.
Насобраните повикаа на ослободување на палестинските затвореници во израелските затвори.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Колку е вашиот притвор“, „Никогаш нема да ве заборавиме“ и „Вашиот слободен дух е далеку зад решетките“.
Пред насобраните се обрати Ихлаб Бедир, повикувајќи ги ОН и меѓународните организации за човекови права на итно изнаоѓање решение за ослободување на Палестинците од израелските затвори.
„Повеќе од 30 жени, од кои 10 мајки, се наоѓаат во израелските затвори и лишени се од ифтар, суфур со своите семејства во текот на Рамазан, месецот на постот“, рече Бедир.
Според податоците на Здружението на палестински затвореници, во израелските затвори се наоѓаат околу 4.550 Палестинци, од кои 500 се „административни затвореници“. Меѓу нив се и 170 малолетници.