Associated Press
09 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Двајца нуркачи се спасени од страна на рибарите во Индонезија, а 14-годишен Холанѓанец смртно настрада, четири дена откако исчезнаа на јужниот малезиски остров, известува Агенција Анадолија (АА).
Алексија Александра Молина (18) од Франција и Адријан Питер Честерс (46) од Велика Британија се пронајдени утрово во индонезиските води и се префрлени во болница, соопшти малезиската Агенција за поморство.
Натен Рензе Честерс е исчезнат, но неговиот татко Адријан Питер Честерс ѝ рече на полицијата дека тој загинал.
Агенцијата соопшти дека ги известила индонезиските власти да продолжат со потрагата по телото.
„Молина и Честерс се пронајдени 30 километри северно од индонезискиот остров Бинтан, што е на 100 километри од локацијата за која се пријавени во средата“, информира началникот на полицијата на малезискиот град Мерсинг.
Тројцата нуркале со својата инструкторка Кристин Гродем, која е спасена.