Ruslan Rehimov
09 Април 2022•Ажурирај: 11 Април 2022
КИЕВ (АА) - Потпретседателката на украинската Влада, Ирина Верешчук, објави дека денес е постигнат договор за отворање на 10 хуманитарни коридори за евакуација на цивилите, известува Агенција Анадолија (АА).
Верешчук наведе дека цивилите во зоните на судири денес можат да минат во безбедните зони низ 10 хуманитарни коридори.
Таа информираше дека сите оние што сакаат да преминат од Мариупол во Запорожје, можат да излезат само со сопствени возила.
Верешчук истакна дека за потребите на евакуацијата, ќе бидат испратени автобуси во Бердјанск.
Според нејзините зборови, хуманитарните коридори ќе бидат отворени за оние што сакаат да ги напуштат Токмак, Енергодар и Мелитопол и да преминат во Запорожје.
Потпретседателката на украинската Влада, Верешчук, додаде дека коридорите во регионот на Луганск ќе функционираат доколку руските трупи прифатат прекин на огнот.