Aida Cako
22 Мај 2025•Ажурирај: 26 Мај 2025
СКОПЈЕ (АА) – Илјадници луѓе протестираа во Брисел, главниот град на Белгија, против мерките за штедење кои предвидуваат намалување на социјалните трошоци во земјата, јавува Анадолу.
По повик на неколку синдикати во земјата, околу 15.000 луѓе, вработени во непрофитниот сектор како што се здравството, граѓанските организации, културата и уметноста, се собраа пред Северната железничка станица во Брисел.
Извикувајќи антивладини пароли, демонстрантите маршираа по главните улици на градот носејќи транспаренти и поминувајќи неколку километри до плоштадот Албертин.
Тие изразија загриженост дека мерките за штедење насочени кон намалување на социјалните трошоци би можеле да влијаат врз јавните услуги и системите за социјална поддршка.