Amir Latif Arain
10 Септември 2026•Ажурирано: 10 Септември 2026
Јапонија ќе ангажира околу 10.000 полицајци за обезбедување на церемонијата на отворањето на Азиските игри, што ќе започнат следната недела во градот Нагоја, објавија денес јапонските медиуми, пренесува Анадолу.
Церемонијата на отворањето на Азиските игри „Аичи-Нагоја“ ќе се одржи на 19 септември на градскиот атлетски стадион, јави новинската агенција Кјодо.
Јапонија е домаќин на Азиските игри за првпат по 1994 година. Игрите ќе траат до 4 октомври.
На церемонијата, меѓу останатите, ќе присуствуваат царот Нарухито и царицата Масако, но не се очекува учество на премиерката Санае Такаичи.
Од вкупно околу 10.000 полицајци, приближно 3.100 ќе бидат дел од специјално распоредени единици од полициските сили од целата земја, соопшти Националната полициска агенција, додавајќи дека за безбедносните активности ќе се користи и вештачка интелигенција.
Областите во радиус од околу еден километар околу местото на одржување на церемонијата и сместувањето на царот ќе бидат прогласени за зони со забранет лет за дронови, согласно со неодамна донесениот закон со кој се воведоа построги прописи за летовите на мали беспилотни летала.
Ова ќе биде прва примена на изменетиот закон за настан на кој присуствува царот.
Меѓу земјите што учествуваат на овој спортски настан се и Северна Кореја и Иран.