Erbil Başay
04 Јули 2020•Ажурирај: 05 Јули 2020
БЕРЛИН
Неколку стотици лица во Берлин излегоа денес на улица во знак на протест поради изградбата на нелегални еврејски населби и планираната анексија на делови од окупираниот Западен брег, јавува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните на повикот на неколку палестински здруженија во Германија се собраа пред зградата на Федералниот парламент.
Насобраните носеа транспаренти со порака „Одземање на земјиште е злосторство, но и молчењето“, „Да бидат ослободени сите Палестинци од израелските затвори“, „Не анексија, запрете на расистичката дискриминација кон Палестина“ и „Ако заврши окупацијата, започнува мир“.
На протестите присуствуваа и д-р Ахмд Мухаисен, која за АА изјави дека на некој начин мора за се запре израелскиот план за анексија на делови од Западниот брег.
„Таков чекор би значел и нов бран на бегалци. Би доживеале нова катастрофа. Тоа би бил и крај на дводржавното решение. Тоа би значело дека на Палестина не и преостанало ни малку од територијата“, рече Мухаисен.
Тој ја повика германската влада и целата меѓународна заедница да како никогаш досега извршат силен притисок на Израел со цел да се откаже од планот за анексија.
„Тоа воедно би значело и крај на Јордан. Тоа навистина е закана и за Јордан. Бранот на бегалци би тргнал во Јордан. Би се сменила демографската структура во Јордан“, рече тој.
Мухамед Беидона истакна дека со овој протест сакаат да им се приклучат на другите од светот и да го подигнат гласот против планот за анексија.
„Федералниот парламент мора да стори нешто против овој план, кој дефинитивно не е во согласност со меѓународното право“, рече Беидона, додавајќи дека со овој план за анексија би биле узурпирани 30% од палестинската територија и не би останало подрачје за воспоставување на палестинска територија.
„Ова е голема трагедија за Палестинците“, рече Беидона.
Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху формираше со лидерот на опозицијата Бени Ганц коалициска влада на Израел, а двајцата притоа најавија дека од почетокот на јули ќе го забрзаат планот за анексија на Јорданската долина и другите територии на Западниот брег на кои се изградени нелегалните израелски населби.
Анексијата доаѓа како дел од „Договор на векот“ претставен од американскиот претседател Доналд Трамп, објавен на 28. јануари, а се однесува на Ерусалим како „неделив главен град на Израел“ и признавање на израелскиот суверенитет над голем дел од Западниот брег. Во планот се наведува воспоставување на држава Палестина како архипелаг поврзан со мостови и тунели.
Палестинските официјални претставници тврдат дека кон американскиот план израел ќе анексира 30 до 40 отсто од Западниот Брег, вклучувајќи го и цел Источен Ерусалим.
Западниот брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим се сметаат за окупирана територија според меѓународното право, поради што се нелегални сите еврејски населби на таа територија, како и планираната анексија.