свет, Коронавирус

Во Шпанија се регистрирани 442 нови случаи

- Во главниот шпански град Мадрид е идентификуван првиот кластер од прогласувањето на крајот на вонредната состојба, додека состојбата со новозаразени во земјата останува стабилна и денес се регистрирани 442 нови случаи

Ekip  | 03.07.2020 - Обновена : 04.07.2020
Во Шпанија се регистрирани 442 нови случаи

ОВИЕДО 

Во главниот шпански град Мадрид е идентификуван првиот кластер од прогласувањето на крајот на вонредната состојба, додека состојбата со новозаразени во земјата останува стабилна и денес се регистрирани 442 нови случаи, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците на Министерството за здравство во последните седум дена се потврдени 2.028 нови заразувања, што претставува најголем број на заразување од 10 јуни.

Во Шпанија до сега со Ковид-19 се заразени вкупно 250.545 лица, при што половина од нив, 125.484 беа хоспитализирани.

Властите велат дека наоѓаат повеќе асимптоматски случаи од кога и да било. Во текот на последните седум дена, 141 лице морало да оди во болница поради комликации од Ковид-19, што претставува околу 7 отсто од сите нови случаи.

Во последните 24 часа животот како последица на заразеност со вирусот го загубија 17 лица, при што вкупниот број на починати се искачи на 28.385.

Во меѓувреме, денес во Мадрид беше потврден првиот кластер по т.н. нормален период кој започна од 21 јуни.

Пет лица кои работеле заедно се тестирани позитивни, според здравствените власти на Мадрид. Ниту едно лице од нив нема сериозни проблеми.

„Особено е важно да се идентификуваат случаи поврзани со активна зараза, со цел да се намали синџирот на пренос, да се подобри епидемиолошкото истражување и да се идентификуваат и да се следат блиските контакти“, велат здравствените власти од регионот во соопштението за печат.

Низ целата земја, шпанските власти за јавно здравје ги предупредуваат луѓето да избегнуваат пушење на цигари и електронски цигари во јавност.

Министерството за здравство издаде соопштение во кое вели дека чадот од цигари може да содржи високи вирусни отповарувања и може да биде многу заразен. Исто така предупреди дека пушењето цигари ги тера луѓето почесто да ги допираат усните.

Исто така упатено е предупредување до граѓаните дека според достапните докази, вирусот може да донесе полош исход кај пушачите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın