Recep Şakar
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
МЕЛБУРН (АА) - Речиси две илјади жени учествуваа на протестите во Мелбурн, Австралија, укажувајќи на проблемите со кои се соочуваат многу жени, јавува Anadolu Agency (AA).
Учесничките на протестот, меѓу другото, побараа економска еднаквост, породилно отсуство, прекинување на насилството врз жените и бесплатни здравствени услуги за сите.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Јас сум жена, слушни ме!“, „Нема да молчиме!“, „Марширај за жените!“.
Организатори на протестниот марш се синдикати и невладини организации, а поддршка дадоа и женските здруженија.
Сајда Јакуб, студентка по право, рече дека се бори за остварување еднакви права на жените во Австралија.
„Сакаме еднакви права. Не сакаме да бидеме маргинализирани од општеството, затоа што сме жени. Сакаме еднакви права на работното место“, истакна Јакуб, укажувајќи на малиот број жени во јавната администрација, во споредба со бројот на мажи.
Таа смета дека жените во Австралија треба повеќе да се борат и дека се потребни повеќе претставнички во одредени сектори.
Протесниот марш заврши пред Парламентот на сојузната држава Викторија.