Selçuk Acar
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
ЊУЈРОК (AA) - Протестите против претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, во Њујорк продолжуваат и на вториот ден од неговиот престој во овој град, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако излегоа на протести вчера, група граѓани и денес се собраа на оддалеченост од неколку улици од Трамп Тауер, каде што престојува американскиот претседател.
Од собраната маса на моменти се слушнаа пароли со коишто демонстрантите бараа оставка од Трамп. Помала група која одлучи да му даде поддршка на претседателот, од Трамп побара да ги депортира сите илегални мигранти од САД.
Демонстрациите во сојузната американска држава Вирџинија завршија, а демонстрантите во градот Дурхам, во Северна Каролина, го срушија споменикот од периодот на Конфедерацијата.
Исто така, во Њујорк е одржан и протест што го организираше Коалицијата на мигранти Њујорк (NYIC).
Тие се противеа на можноста за укинување на програмата ДАЦА, програма што ги штити лицата кои малолетни, во придружба на родителите мигранти допатувале во САД.