Ekipa
16 Август 2017•Ажурирај: 17 Август 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската царинска служба објави дека пронашле и уништиле 20 змиски глави во пакет испратен од Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).
Мари Милер, портпаролка на царинската служба во Минхен, денес изјави дека полицајците ги откриле змиските глави кога минатата недела го скенирале пакетот тежок три килограми.
Таа додаде дека кога полициските службеници го отвориле пакетот се почуствувала неподнослива смрдеа од скапаните змиски глави. Таа истакна дека змиските глави биле веднаш запалени за да се спречи можното ширење на болести.
На крајот, таа изјави дека досега во неколку наврати пресретнале пакети од западна Африка во коишто имало змиски глави, кои во Германија биле испратени како деликатес.