свет

Протест против климатските промени во Амстердам

Во Амстердам во организација на Движењето Бунт против изумирањето" (Extinction Rebellion) одржани се протести со цел борба против климатските промени

Abdullah Aşıran, Selman Aksünger  | 08.10.2019 - Обновена : 08.10.2019
Протест против климатските промени во Амстердам (Fotoreporter Abdullah Aşıran/ AA)

АМСТЕРДАМ (AA) - Во главниот град на Холандија, Амстердам, во текот на протестната поворка, приведени се 90 демонстранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Амстердам во организација на Движењето Бунт против изумирањето" (Extinction Rebellion) одржани се протести со цел борба против климатските промени.

Стотици демонстранти ги окупираа патиштата во главната улица пред Државниот музеј.

Полицијата првин ги предупреди демонстрантите да „ја завршат окупацијата", а откако собраните тоа не го направија приведени се 90 лица.

Демонстрантите кои од раните утрински часови почнаа да се собираат на улиците апелираа на холандската влада да делува поефикасно во борбата против климатските промени.

Протестите во текот на целиот ден предизвикаа пореметувања во градскиот сообраќај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın