Alaattin Doğru
08 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Три тела се пронајдени на подрачјето каде што минатата недела исчезнаа тројца француски планинари во обид да се искачат на Монт Еверест во Непал, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Француските медиуми објавија дека локалните планински водичи пронашле три тела на подрачјето каде што е вршена потрагата по тројцата француски планинари и кои се водат како исчезнати од 26 октомври.
Непалската полиција соопшти дека телата се пронајдени многу блиску до подрачјето каде во тек е акцијата на барање и спасување.
Во Непал на 26 октомври е изгубен контактот со тројца француски планинари идентификувани како Луис Пачуд, Габриел Милоше и Томас Арфи.
Трагите на планинарите, кои се обиделе да се качат на врвот од 8.849 метри, видливи се до висина од 5.900 метри.