Haydar Karaalp
08 Ноември 2021•Ажурирај: 08 Ноември 2021
БАГДАД (АА) - Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими вчера изјави дека знае кој го извел нападнал врз неговиот дом со дронови и вети дека ќе ги казни оние кои се обиделе да посегнат по неговиот живот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ќе ги гониме оние кои го извршија вчерашното злосторство. Добро ги знаеме и ќе ги разоткриеме“, рече Кадими по свикувањето вонреден состанок на Советот на министри во Багдад.
Безбедносните мерки околу Зелената зона и другите точки во главниот град на Ирак се засилени со распоредување на воени возила.
Кадими остана неповреден откако два дрона со експлозив вчера изутрина извршија напад на неговиот дом во високообезбедуваната Зелена зона.
Нападот следуваше по немирите во земјата поради неодамнешните изборни резултати, кои создадоа неизвесност околу останувањето на Кадими во највисоките ешалони на власта.
Извештаите покажуваат дека нападот го извршиле шиитските милициски сили блиски до Иран, но ниту една група досега не ја презела одговорноста.