Ekipa
13 Февруари 2017•Ажурирај: 13 Февруари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Неколку десетици илјади демонстранти се собраа синоќа пред зградата на романската Влада, повторно барајќи нејзина оставка, пренесува Anadolu Agency (АА).
На тринаесеттиот ден од антивладините протести, демонстрантите на Плоштадот на победата во Букурешт со своите тела формираа романско знаме.
Демонстрантите кои бараат формирање на нова влада и преминување кон нова политика во водењето на земјата започнаа со протести минатиот месец по одлуката на владата на левиот центар за намалување на казните за казнување на корупцијата.
„Дојдов за да им покажам дека не можат да владеат онака како што сакаат тие. Не можат да нè изнајмат или купат за неколку леи“, рече демонстрантот Богдан Богатониу.
Овој 33-годишник кој дошол на протест со неговата сопруга и двомесечниот син, додаде дека Романците се разбудиле и дека никој не може веќе да ги прави будали.
Слични протести се одржаа и во неколку други градови во Романија.
Премиерот Сорин Гринденау ја повлече контроверзната одлука пред една недела под притисок на демонстрациите, најголемите од соборувањето на комунистичкиот режим во 1989 година. Минатата недела оставка поднесе и министерот за правда.