Aişe Hümeyra Bulovalı,Saadet Firdevs Aparı
11 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
ИСТАНБУЛ
Остана уште еден ден за пријавување на Меѓународниот натпревар за фотографија „Istanbul Photo Awards 2021“, организиран од Агенција Анадолија (АА), јавува Агенција Анадолија (АА).
Пријавувањето за „Istanbul Photo Awards 2021“, што оваа година се одржува по седми пат, ќе заврши на 18 март.
Искусниот фоторепортер на „Ројтерс“ (Reuters), Горан Томашевиќ, член на жирито на натпреварот, на неколку дена пред да заврши пријавувањето, упати повик до сите фоторепортери во светот:
„Ги поканувам сите мои колеги да се пријават за престижните награди на „Istanbul Photo Awards 2021“, каде што ќе имате можност да се сретнете со врвни професионални фотографи.“
Повикувајќи да ја сумираат работата за 2020 година, Томашевиќ додаде: „Фотографијата е незаменлива, не може да се пополни нејзиното место, најдобриот и автентичен сведок на историјата. Како фотографи, секогаш сме таму каде што се случуваат важни настани.“
Професионални фотографи од целиот свет можат да се пријават на натпреварот на веб-страницата „www.istanbulphotoawards.com“.
На натпреварот може да се пријават фотографии во категориите „Поединечни вести“, „Серија вести“, „Поединечна спортска вест“, „Серија спортски вести“, „Серија секојдневен живот“ и „Серија портрети“.
Меѓународното жири ќе се состане преку интернет во мај за да ги процени апликациите.
Победниците ќе бидат објавени на 11 мај, по процесот на елиминација, кој ќе биде следен од тимот на АА на платформата специјално подготвена за натпреварот.
Авторот на фотографијата што ќе биде избрана за „Фотографија на годината“, ќе добие награда во висина од 6.000 долари. Победниците по категории ќе добијат по 3.000 долари, второпласираните по 1.500, а третопласираните по 1.000 долари.
Во категориите „Серија секојдневен живот“ и „Серија портрети“ ќе се додели награда само на првопласираните.
Како и претходните години, и оваа година се пријавија фотографи од различни земји во светот. На веб-страницата може да се добијат информации за членовите на жирито во 2021 година и наградените фотографии во изминатите години.