свет

Претседателот на Иран за нуклеарниот договор повика на „преговори ориентирани кон резултати“

- Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во телевизиска изјава синоќа повика на „преговори ориентирани кон резултати“ со Западот, a САД ги повика да ги укинат „неправедните санкции“

Ekip  | 19.10.2021 - Обновена : 20.10.2021
Претседателот на Иран за нуклеарниот договор повика на „преговори ориентирани кон резултати“ Фото: Иранско претседателство / Агенција Анадолија

ТЕХЕРАН 

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во телевизиска изјава синоќа повика на „преговори ориентирани кон резултати“ со Западот, a САД ги повика да ги укинат „неправедните санкции“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи за државниот радиодифузер, Раиси истакна дека Иран никогаш не ја напуштил преговарачката маса и тврди дека укинувањето на санкциите може да биде „знак за сериозност“ од другите страни.

Раиси изјавата ја даде пред закажаната посета на иранскиот заменик-министер за надворешни работи и нов нуклеарен преговарач Али Бакери на Брисел, каде ќе разговара со највисоките претставници на Европската унија за заживување на нуклеарниот договор од 2015 година.

Минатата недела, заменик-шефот за надворешна политика на ЕУ, Енрике Мора, одржа разговори со Бакери во Техеран, при што Министерството за надворешни работи на Иран го нарече „добро и конструктивно“.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Саид Хатибзаде, претходно вчера истакна дека состанокот во Брисел е продолжение на разговорите одржани во Техеран минатиот четврток, што би можело да биде „чекор напред“ во продолжувањето на преговори во Виена кои се во застој.

Конзервативната администрација на Раиси има многу цврст став во индиректните разговори со САД, што ја условува администрацијата на Бајден да се врати на договорот и да ги укине санкциите кон Иран.

Од друга страна, Вашингтон тврди дека Иран мора да се врати на преговарачка маса и да ги намали сите нуклеарни мерки што го прекршуваат нуклеарниот договор.

Во другите забелешки за време на интервјуто во живо, Раиси, жесток критичар на американската надворешна политика, ги обвини Американците за неодамнешните бомбашки напади во соседен Авганистан.

Тој рече дека ДЕАШ, која ја презеде одговорноста за нападите, е „создаден од САД“, предупредувајќи дека иднината на регионот ќе биде изложена на ризик доколку организацијата не биде елиминирана.

Иран ќе биде домаќин на состанок за Авганистан следната недела на кој ќе присуствуваат врвни претставници од земјите од регионот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.