Yusuf Hatip
19 Декември 2018•Ажурирај: 19 Декември 2018
БРИСЕЛ (AA) - Премиерот на Белгија Шарл Мишел поднесе оставка на функцијата изјавувајќи дека „веднаш" барањето за оставка ќе го упати и на кралот Филипе, јавува Anadolu Agency (AA).
По расправата која ја имаше со некогашниот коалициски партнери по повод Глобалниот договор за миграции, Мишел изјави дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер.
Мишел се обиде да ја постави Владата како малцинска администација, а оставката ја поднесе откако изгуби на гласање за довербата, која ја побараа социјалистите и зелените.
Инаку, Белгиската фламанска националистичка партија ((N-VA) се повлече од 9 декември од владејачката коалиција по спорот во врска со Договорот за миграции на ОН.