Mahmut Geldi
06 Август 2021•Ажурирај: 09 Август 2021
БЕЈРУТ
Привремените сили на Обединетите нации во Либан (UNIFIL), ситуацијата на либанско-израелската граница каде што тензиите се зголемија со исфрлањето на проектили и артилериски оган, ја опишаа како „многу опасна“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
УНИФИЛ на својот профил на Твитер објави кратко соопштение во врска со ракетните напади на Хезболах врз Израел и одговорот на Израелската армија со артилериски оган.
„УНИФИЛ регистрира дека од Либан се истрелани проектили и дека Израел одговори со артилериски оган. Ситуацијата е многу опасна. Ги охрабруваме сите страни да прекинат со огнот“, се истакнува во соопштението на УНИФИЛ.
Либанскиот Хезболах соопшти дека извршил ракетен напад врз Израел како одговор на нападите на Израелската армија врз Либан претходниот ден.
Израелската армија информира дека започнала да напаѓа некои цели во Либан со артилериски оган како одговор на 10 ракети истрелани во нејзината земја.
На 4 август од Либан кон Израел беа истрелани три ракети. Израелската армија, пак, како одговор на тоа, со артилериско и воздушно бомбардирање нападна некои области во Либан.