Bahattin Gönültaş
05 Април 2019•Ажурирај: 06 Април 2019
БЕРЛИН (AA) - Заменик-генералниот директор и главниот и одговорен уредник на Anadolu Agency (AA) Метин Мутаноглу и генералниот директор на Полската новинска агенција (PAP) Војциеч Сурмач потпишаа во Берлин договор за соработка.
Се работи за договор за меѓусебно користење на вести, кој е потпишан на маргините на состанокот на претставниците на Асоцијацијата на новинските агнеции на Европа (EANA).
Договорот се однесува на користење на вестите кои ги објавуваат сервисите на англиски јазик на едната и на другата агенција.
Мутаноглу укажа на значењето кое Anadolu Agency го придава на соработката со другите новински агенции во светот.
„Сметам дека соработката на новинските агенции ќе придонесе и за соработка помеѓу нашите земји", рече Мутаноглу.