Emre Gürkan Abay
17 Февруари 2022•Ажурирај: 18 Февруари 2022
МОСКВА
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека тензиите во Донбас се зголемени во последните денови, изјави: „Може да има транзиција од информативни напади кон последици што ќе предизвикаат избувнување нова војна во непосредна близина на нашите граници“, известува Агенција Анадолија (АА).
Песков го оцени меѓусебното обвинување за прекршување на примирјето од страна на администрацијата на Киев и проруските сепаратисти на контактната линија во регионот Донбас во источна Украина.
Наведувајќи дека читаат вести во кои седека Русија има огромен потенцијал за напад на украинската граница, Песков рече: „Никој, ниту еден претставник на Западот, не зборува за големиот потенцијал за напад на Украина на линијата на контакт. Провокативните дејствија кои се интензивираа во последните денови, создадоа исклучително опасна ситуација.“
Тој посочи дека ризикот од конфликт во Донбас е зголемен, при што рече: „Може да има транзиција од информативни напади кон последици што ќе предизвикаат избувнување нова војна во непосредна близина на нашите граници. Сепак, со одговорен пристап, со нетрпение очекуваме да се сретнеме со нашите партнери.“
Потсетувајќи дека беа дадени многу изјави за руската инвазија на Украина, Песков рече: „Со Од вас слушнавме многу датуми [за можна инвазија на Украина]. Се покажа дека се лажни. Се надеваме дека западните земји, САД и НАТО ќе го искористат сето свое влијание за да ги предупредат властите во Киев за каква било понатамошна ескалација на тензиите.“
Песков, исто така, негирајќи ги наводите дека распоредиле дополнителни војници на украинската граница, нагласи: „Руските војници се враќаат во своите постојани бази, но за тоа ќе биде потребно време.“