Emre Gürkan Abay
13 Април 2020•Ажурирај: 13 Април 2020
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, тврди дека цените на нафтата се спасиле од колапс, благодарение на договорот постигнат меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и некои земји производители на нафта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Песков, во изјава за медиумите во главниот град Москва, даде оцена за Договорот за намалување на производството на нафта што групата од 23 земји позната како ОПЕК + го постигна вчера.
Наведувајќи дека договорот ќе ги поддржи цените на нафтата, Песков рече: „Благодарение на договорот, цените на нафтата се спасија од колапс. Сега ќе се прават различни пресметки каков придонес ќе има тоа за приходите од буџетот на Русија.“
Оценувајќи ја телефонската дипломатија за договорот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп, Песков рече: „Дали ова може да се одрази во односите Русија-САД во целина? Денес не е можно да се каже тоа.“
Песков рече дека за време на разговорите меѓу Путин и Трамп не станало збор за отстранување на санкциите на САД кон Русија.
Синоќа ОПЕК соопшти дека земјите членки на ОПЕК + ќе го намалат вкупното производство на сурова нафта за 9,7 милиони барели дневно од 1 мај до 30 јуни.