свет

Акар во Брисел се состана со американскиот секретар за одбрана Еспер

За време на средбата министрите размениле мислења за безбедносните и одбранбените прашања поврзани со Сирија и Ирак, како и за важноста на тоа САД и НАТО да дадат поконкретен придонес за Идлиб

Sarp Özer  | 12.02.2020 - Обновена : 13.02.2020
Акар во Брисел се состана со американскиот секретар за одбрана Еспер Фото: Arif Akdoğan/AA

Ankara

БРИСЕЛ (АА) - Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, оствари средба со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, пренесува Агенција Анадолија (АА).

По посетата на постојаното претставништво на Турција во НАТО, Акар се состана со американскиот секретар за одбрана Еспер.

За време на средбата министрите размениле мислења за безбедносните и одбранбените прашања поврзани со Сирија и Ирак, како и за важноста на тоа Соединетите Американски Држави (САД) и НАТО да дадат поконкретен придонес за Идлиб.

За време на состанокот што се одржа пред главната седница, на која ќе се разговара и за случувањата во Идлиб, Хулуси Акар го изразил своето задоволство од изјавите дадени од американските власти во врска со најновите случувања во Идлиб.

Акар одржа разни состаноци во седиштето на НАТО, каде што допатува по повод состанокот на министрите за одбрана на НАТО.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.