Elena Teslova
19 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
МОСКВА
Русија денеска регистрира нов дневен рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, откако од последици на вирусот починаа 1.254 лица во еден ден, со што бројот на починати порасна на 261.589, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во земјата се пријавени 37.156 нови случаи на заразеност со коронавирусот во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на заразени порасна на 9,25 милиони“, соопшти Оперативната група за коронавирус во дневниот извештај.
Во меѓувреме, бројот на активни случаи е намален од 1,04 на 1,03 милиони, а бројот на оздравени од Ковид-19 порасна на 7,95 милиони откако рекорден број на пациенти, вкупно 37.004, се излекувани.
Рускиот премиер Михаил Мишустин во понеделникот за високата стапка на смртност го обвини ниското ниво на вакцинација.