Adem Şalvarcıoğlu
17 Август 2018•Ажурирај: 19 Август 2018
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови, кои од 8 август ја зафатија индиската сојузна држава Керала, животот го загубија 164 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Поради поројните дождови, во Керала се излеваат реките и браните, оштетени се и улици, мостови и куќи, при што, од 8 август досега загинаа 164 лица.
Забрзани се активностите за евакуација откако денес запреа врнежите, а во овие активности се вклучени и хеликоптери.
Поради поројните дождови и поплави што ја зафатија земјата во сезоната на монсунските дождови, досега загинаа 800 лица.
Над 150.000 лица во регионот се сместени во камповите изградени во 1.200 места.