Şenhan Bolelli
25 Јуни 2019•Ажурирај: 26 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Украинецот Владимир Кличко, во Шпанија успеал да се спаси од пожарот што ја зафатил јахтата на која се наоѓал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шпанските медиуми објавија дека на јахтата со која Кличко заедно со своето семејство во неделата вечерта шетал по брегот на островот Мајорка, избувнал пожар поради кој биле доживеани тешки моменти.
По избувнувањето на пожарот, од јахтата бил упатен повик за помош, по што припадниците на жандармеријата, кои се дел од екипите на Крајбрежната стража, реагирале веднаш и ги извлекле сите лица што се наоѓале на бродот без да претрпат какви било изгореници.
Кличко преку својот профил на социјалните мрежи напиша објава во врска со настанот, во која наведува: „Прошетката со јахта во неделата вечер заврши со евакуација. Моето семејство и пријателите, со помош на припадниците на Крајбрежната стража и спасувачките екипи, беа евакуирани. Немојте да се грижите, сите сме добро“.
Кличко заедно со неговите најблиски, на изнајмена јахта долга 28 метри, се упатиле на прошетка кон островот Ибица. Пожарот избувнал во машинското одделение на јахтата и по неговото гаснење, јахтата била извлечена на брегот.
Украинскиот спортист Кличко, кој е овојувач на шампионскиот појас на Светската боксерска асоцијација (WBA), Светската боксерска организација (WBO), Интернационалната боксерска федерација (IBF) и Интернационалната боксерска организација (IBO), својот професионален спортски живот го заврши во 2017 година.
Пред две години Кличко влезе во рингот со 28-годишниот Тајсон Фјури, и по поразот ја загуби титулата.
По освојувањето на златниот олимписки медал на игрите во Атланта, Кличко во 1996 година ја започна својата професионална кариера, во која за 21 година имаше 69 меча, а доживеа 5 порази.