Dildar Baykan
06 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку пет лица се убиени во напад што во една градинка во Бразил го изврши поранешен припадник на обезбедувањето, јавува Anadolu Agency (AA).
Дамиао Соарес дос Сантос (50), поранешен вработен во обезбедувањето на градинката, врз децата и воспитувачите истурил алкохол и ги запалил.
Смртно настрадаа четири деца и еден воспитувач, а повредени се 25 лица. Повредени се воглавно деца меѓу четири и пет години.
Сантос по нападот се самозапалил и починал во болницата како последица од здобиените повреди. Во тек е истрагата за овој настан.
Локалните медиуми наведуваат дека Сантос бил отпушен минатиот месец поради здравствени причини. Нападот се случил кога во градинката донел здравствен извештај.
Претседателот на Бразил, Мишел Темер, на социјалната мрежа изразе жалење поради смртта на четирите деца. Тој нападот го нарече голема трагедија и им изрази сочувство на семејствата на загинатите.
Прогласена е седумдневна жалост на подрачјето Жанауба, каде што се случи нападот.