Zehra Ulucak
02 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
АЛЕКСАНДРИЈА (АА) - Поранешен вработен во американската Централна разузнавачка агенција (CIA) ги прифати обвиненијата со кои се товари дека имал договор со кинеските разузнавачки служби за продажба на тајни информациии за американската национална одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џери Чун Шинг Ли, кој во 2007 година ја напушти ЦИА, а минатата година беше уапсен во САД, пред американскиот суд призна дека имал договор со кинеските разузнавачи за продажба на информации во врска со американската национална одбрана кои биле под категоријата „тајно“.
Ли е обвинет дека во име на Кина вршел шпионирање, а пред Регионалниот суд во градот Александрија во сојузната држава Вирџинија ја признал вината, и изјави дека имал таен договор со Кина за собирање и испорака на информации.
Сѐ уште не е познато дали Ли успеал на Кина да ѝ ги продаде споменатите информации, а американскиот весник „Вашингтон пост“ (The Washington Post) објави дека адвокатот Зекери Тервилигер кој во овој судски процес ја застапува Владата на САД, изјави дека Ли ја продал својата земја и дека направил договор да биде шпион за една странска влада.
Ли (54) за ЦИА работеше во периодот од 1994 до 2017 година, а се претпоставува дека контактот со кинеската разузнавачка служба го остварил во текот на 2010 година.