свет

Поради птичји грип во Холандија убиени над 200.000 пилиња

„Земени се примероци од други фарми и внимателно се следи развојот на настаните“

Selman Aksünger  | 24.01.2022 - Обновена : 25.01.2022
Поради птичји грип во Холандија убиени над 200.000 пилиња

АМСТЕРДАМ (АА) - Преку 200.000 грла живина се убиени во Холандија поради птичји грип, соопшти холандското Министерството за земјоделство, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Во фармите во северните градови Гротсхермер и Вилемстад, што ѝ припаѓаат на иста компанија, се убиени околу 216.000 пилиња“, се вели од холандското Министерството за земјоделство, природа и квалитет на храна во соопштението.

Министерството исто така информираше дека превозот помеѓу живинарските фарми е прекинат како мерка на претпазливост поради високоопасната и пренослива болест.

„Земени се примероци од други фарми и внимателно се следи развојот на настаните“, се додава од Министерството.

Птичјиот грип е вид зоонозен (или животински) грип што ги погодува дивите птици и живината, според Светската здравствена организација. Повремено има заразено луѓе, но сепак не се пренесува лесно меѓу луѓе.

Повеќето од случаите на птичји грип кај луѓето се поврзани со директен или индиректен контакт со инфицирана жива и мртва живина.

Откако за прв пат беше пријавена во Хонгконг во 1997 година, болеста е одговорна за човечки епидемии и смртни случаи во 16 земји во Африка, Азија, Европа и Среден Исток.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın