свет

Европската комисија предложи пакет финансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина

„Блокот се залага за 'слободна, суверена' Украина“, истакна претседателката на Европската комисија

Ekipa  | 24.01.2022 - Обновена : 25.01.2022
Европската комисија предложи пакет финансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина

БРИСЕЛ (АА) - Европската комисија денес предложи пакет финансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

„(Европска) Комисијата предложува нов итен пакет макрофинансиска помош од 1,2 милијарди евра. Овој пакет ќе ѝ помогне на Украина сега да ги реши своите финансиски потреби поради конфликтот“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во видеоизјава.

„Ако биде одобрено од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, Блокот веднаш ќе исплати половина од сумата“, рече таа.

„Да разјаснам уште еднаш: Украина е слободна и суверена земја. Таа прави свои избор. ЕУ ќе продолжи да стои на нејзината страна“, додаде таа.

Минатата недела, Фон дер Лајен ја предупреди Русија на „огромни економски и финансиски санкции“, доколку ја нападне Украина.

САД, со своите европски сојузници, предупредија дека Русија поставува терен за инвазија на Украина со распоредувањето над 100.000 војници на својата граница со поранешната советска република заедно со распоредувањето на артилерија и тенкови.

Москва негира дека се подготвува за воена офанзива, велејќи дека војниците се таму само поради регуларни вежби.

НАТО започна да го зголемува своето присуство во источна Европа по руската нелегална анексија на Крим во 2014 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın